
Иако ЖРК Вардар беше убедливо поразен на гостувањето кај Динамо во Русија, сепак имаше и нешто позитивно што може да се извлече од тој натпревар, а тоа е голот на Андреа Лекиќ кој беше избран помеѓу петте најубави за ова коло.
Најдобрата ракометарка на светот постигна ефектен погодок, кој е мала утеха за високиот пораз на “црвено-црните”.
Погодокот можете да го погледнете ОВДЕ.
Ракометарот на Вардар, Дибиров по блескавата партија во мечот против Монпеље се најде и во идеалната седморка на колото заедно со Сергеј Бурка, Микел Хансен, Јохан Јакобсон, Дмитриј Ковалев, Жулен Агинагалде и Родриго Коралес.