Леклер на ‘пол позицијата’ за ГП на Белгија

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Шарл Лелклер од тимот на „Ферари“ имаше најдобро време на саботните квалификации за трката за Големата награда на Белгија, 13-та етапа од светското првенство од автомоболистичките трки во гласата „Формула 1“.

Најбрзиот круг 21-годишниот пилот од Монако го извозе за 1 минута и 42,619 секунди, со што ја освој својата трета „пол-позиција“ сезонава, и во кариерата. На втората позиција се пласираше неговиот клупски колега, Германецот Себастијан Фетел со заостанување од 0,748 секунди. Од третата позиција ќе стартува актуелниот шампион и моментално водечки во генералниот пласмна, Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ со заостанување од 0,763 секунди. Инаку, во текот на третиот тренинг пред квалифиикациите, Хамилтон излета од патеката и заврши во безбедносната ограда, а неговото возило беше отстрането со помошното возило.

Од четвртата позиција ќе стартува уште еден пилот на „Мерцедес“, Финецот Валтери Ботас, а првата десетка ја пополнуваат Макс Верстапе од Холандија од тимот на „Ред Бул Хонда“, па следата двата возачи на „Рено“ – Австралиецот Даниел Рикардо и Германецот Нико Хулкенберг. Осми е Финецот Кими Раиконен од „Алфа Ромео Ферари“, деветти е Мексиканецот Серхо Перез од „Рејсинг Поинт Мерцедес“ и десетти Данецот Кевин Магнусен од томот на „Хас Ферари“.