Франција се обидува да испорача борбени тенкови AMX 10-RC на Украина во рок од два месецa, изјави денеска францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну.
Изјавата содржеше резиме од телефонскиот разговор што тој го имаше на 12 јануари со неговиот украински колега Олекси Резников, во кој Франција, исто така, ја повтори својата поддршка за Украина.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно во разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски изјави дека Франција ќе испорача или оклопни возила или тенкови AMX 10-RC.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека секоја пратка од Франција што содржи оружје ќе биде легитимна цел за руските сили.