Лекувањето на британскиот крал Чарлс Трети продолжува и следната година

Лекувањето на ракот на британскиот крал Чарлс Трети ќе продолжи и следната 2025 година, велат за „Скај њуз“ (Sky News) извори од Бакингемската палата.

Од Дворецот известуваат дека лекарите се оптимисти за здравјето на кралот.

Надлежните во февруари објавија дека на кралот му бил дијагностициран рак и дека почнува со лекување.