Лендл нов тренер на Зверев?

Веќе извесно време се шпекулира дека Иван Лендл би можел да стане тренер на Александар Зверев, а сега тие приказни добија практична потврда. Според наводите на одредени медиуми, двајцата заедно тренирале во Тампа, а се појавила и заедничка фотографија по тренингот.

Легендарниот Чех веќе се покажа како тренер, откако му помогна на Енди Мареј да ја пробие психичката бариерата, па под негово водство Шкотланѓанецот  освои три титули од Грен Слем турнири.

Германецот  е во слична ситуација, тој беше трет во светот и има освоено два Мастерс турнири, но не игра толку добро на најсилните натпреварувања, најдобар пласман му е четвртфиналето на Ролан Гарос годинава.

Лендл е некогашен број 1 во светскиот тенис и освојувач на осум Гренд Слем турнири.