Ленгле ја сопна Барса во потерата по Атлетико и Реал

Невнимателната реакција на Клемент Ленгле во последната минута од мечот на „Ноу Камп“ во рамките на 24-то коло на шпанскот фудбалска првенство ѝ откина два бода на Барселона во дуелот со Кадиз со кои не го искористи киксот на водечкиот Атлетико Мадрид да се приближи кон врвот на табелата.

Барселона дуелот со Кадез го дочека со седум последователни лигашки победи и се очекуваше нов триумф на Каталонците кои имаа можност да го искористи киксот на Атлетико кој во саботата дома беше поразен од Леванте со 0:2.

Барса доминираше целиот меч, но не успеа да го реши навреме резултатот, а казната ја стаса во 89 минута кога гостите израмнија откинувајќи ѝ важни бодови за враќање во борбата за титулата.

Домашните поведоа во 32 минута со голот на Лионел Меси од пенал. Во првото поливреме Барса постигна уште два погодока, но и двата беа поништени поради офсајд. Во продолжението Барса настојуваше но не успеа по вторпат да ја пробие одбраната на гостите.

И кога се чинеше дека Барселона ќе ја впише осмата лигашка победа, Клемент Ленгле невнимателно го собори Собрин, а судијата Хуан Мартинез покажа на белата точка. Сугурен изведувач на најстрогата казна беше Алекс Фернандез и тоа од единствениот удар на мечот на Кадиз во рамките на противничкиот гол.

Кадиз во првиот меч сезонава со 2:1 ја порази Барселона, а на гостувањето во Мадрид со 1:0 го победи и Реал.

На табелата води Атлетико Мадрид со 55 бодови, Реал Мадрид има 52, а Барселона 47 бодови. Кадиз е 14-ти со 25 бодови, четири бодови над зоната на испаѓање.

Реал Сосиедад со 4:0 го порази Алавез со трите гола на Александер Исак во 42, 49 и 62 минута, а стрелец бепе и Порту во 73 минута. Реал Сосиедад сега со 41 бод е петти на табелата, а Алавез е 16-ти со 22 бодови.

Хуеска во возбудлив меч со 3:2 на домашен терен ја победи Гранада. Гостите поведоа уште во 8 минута со голот на Домингос Квина, но до крајот на првиот дел следеше целосен пресврт во полза на домашните а стрелци беа Дани Енриче во 31, Хорге Пулидо во 39 и Дмитри Фулкиер кој во 44 минута си постигна автогол. Гостите успеаја само да намалт преку Алберто Соро во 59 минута.

Хуеска и натаму е последна 20-та, но сега со 19 бодови, и на само два бода ја намли разликата од првата позиција која гарантира опстанок во Примера, а ја држи 17-от Еибар. Гранада е деветта со 30 бодови.

Во последниот неделен натпревар Атлетик Билбао дома одигра 1:1 со Вилјареал. Гостите поведоа со голот на Жерар Морено во 16, а за домашните израмни во 44 минута Алехандро Беренгуер Ремиро.

Атлетик е десетти со 29 бодови, а Вилјареал е шести со 37 бодови, четири помалку од Реал Сосиедад кој ја држи последната позиција која води директно во европските натпреварувања.

Во понеделник колото ќе го затвори дуелот Осасуна – Севилја.