Триесет ипет години по издввањето првата плоча, 60-годишниот музичар Лени Кравиц, кој во март беше почестен со ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, го објавува својот 12-ти албум.
Станува збор за 12-от студиски албум на Лени Кравиц наречен „Blue Electric Light“, чеи објавување е закажано на 24-ти мај, два дена пред неговиот 60-ти роденден.
Во текот на неговата долга кариера, тој продаде 40 милиони плочи и освои четири последователни Греми награди за најдобар машки рок-вокал.
На почетокот на годината, поранешниот американски претседател Барак Обама ја вклучи неговата песна „Road to Freedom“ во својата „плејлиста“ на омилени хитови во 2023 година.
„Обама прави одлични плејлисти, тие имаат смисла“, рече Кравиц, кој свири на секој инструмент на неговите плочи, освен на саксофон.
Но, Обама не случајно ја избра таа песна. Лени Кревиц ја напиша и ја компнираше за филмот за Бајард Растин, политички активист за граѓански права и организатор на Маршот во Вашингтон каде Мартин Лутер Кинг го одржа својот познат говор „I Have a Dream“.