Eден од најголемите заводници во Холивуд, 40-годишниот Леонардо Ди Каприо, ја запросил својата девојка манекенката Кели.
Девојката која го освои срцето на славниот Лео е 15 години помладата манекенка Кели Рохрбач.
Според магазинот „ОК“, Ди Каприо ја запросил Кели на крајот на септември на вечера во еден италијански ресторан во Њујорк. Славниот актер станал од масата ја погледнал убавата Кели во очи и и рекол дека со неа сака да го помине остатокот од животот.
Манекенката била во шок, но Леонардо ја убедил дека е сериозен во својата намера , по што Кели одговориле со сочен бакнеж, објави магазинот.
Засега нема официјална потврда , ниту демант од популарниот актер.