Леонардо ди Каприо во врска со познатата манекенка Џиџи Хадид

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо (47) неодамна раскина со својата девојка Камила (25), по што веднаш се покренаа шпекулациите дека тој е во врска со познатиот модел Џиџи Хадид (27).

Како што се наведува, наводно тој пред неколку дена конечно ја завршил врската со Камила, по што веднаш стапил во однос со Џиџи.

Неговите блиски пријатели откриваат дека токму Џиџи била негов тип на девојка. Сомнежите се дека двајцата и претходно биле заедно неколку пати.