Поранешниот спортски директор на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, Леонардо, откри дека сака повторно да заплива во тренерските води.
“Јас имам јасна идеа, сакам повторно да бидам тренер. Се надевам дека ќе најдам клуб до стартот на новата клупска сезона. Ќе останам во Европа, таков е мојот план. Мислам дека сега сум поискусен, дека можам да се носам со оваа функција. Имав потреба од мал одмор после авантурата во Париз. Морав да си организирам приватниот живот, но сега сум подготвен за кам-бек во тренерските води. Си заминам од редовите на Милан поради проблемот кој го имав со клупските челници. Немавме добар однос, соработката не беше на највисоко можно ниво”, изјави Леонардо.