Леонид Индов е првиот пациент кој со медицински хеликоптер успешно е транспортиран во Виена

Леонид Индов успешно е транспортиран на клиника во Австрија каде ќе го продолжи лекувањето. Момчето кое летото доживеа несреќа во Грција и се здоби со сериозна повреда на рбетниот мозок, по речиси 7 месеци заминува на рехабилитација. Со специјална медицинска апаратура беше опремен полицискиот хеликоптер кој од хелиодромот на градската болница го презеде 19г Лео. Во Австрија, момчето ќе добие соодветен третман за да се ослободи од респираторната машина и да почне самостојно да дишe, објави Сител.

Ова е прв ваков меѓународен транспорт, а опремата на медиохоптерот е донација од ЕУ. Лекарски тим на 8ми септември го придружуваше 19г Лео се до клиниката во Австрија.

За Леонид со месеци се собираа средства бидејќи операциите и третманот за ваков вид повреда беа многу скапи. Тој беше опериран во болница во Солун каде беше пренесен веднаш по несреќата. Од повредата не можеше да ги движи рацете и нозете. Леонид Индов е ученик во математичко информатичката гимназија, каде ги развивал своите таленти и вештини во областа на информатиката и истражувањата. Лео има повеќе интернационални успеси а добил и прво место на меѓународен натпревар НАСА за развој на апликации.