Поранешниот украински претседател Леонид Кравчук денес пред Парламентот истакна дека земјата се наоѓа на работ на граѓанска војна, повикувајќи ги пратениците да помогнат за излез од кризата, пренесе „АФП“.
„Како Украина, така и сиот свет е свесен дека земјата се наоѓа на работ на граѓанска војна“, изјавил поранешниот претседател на Украина, кои управуваше со земјата од 1991 до 1994 година.
Кравчук повика на подготвување и реализирање на план за решавање на конфликтот.