Лепа Брена ќе ги разубавува вашите нозе: Стапува на сила „Лејди Б“

Легендарната пејачка Лепа Брена откако пред извесно време го продаде својот удел во „Гранд“ и собра околу 20 милиони евра, најави дека ќе започне нов бизнис, а сега и го реализираше.

Лепа Брена објави соопштение во кое ѝ се обрати на јавноста и откри како ќе се вика нејзиниот бренд:

– Драги пријатели, по неколку години темелна подготовка, многу труд, истражување и напорна работа, со големо задоволство и гордост сакаме официјално да го објавиме лансирањето на брендот „Лејди Б“ – вели Лепа Брена во соопштение за медиумите, а подолу пејачката открива со што ќе се занимава сега:

– „Lady B“ е бренд кој ќе се занимава со технолошки револуционерни производи од сферата на убавината и здравјето. Нашиот прв асортиман е нашата линија на женски чорапи „Celebrity“, која ќе биде единствена на пазарот, бидејќи содржи хијалуронска киселина и нано златни честички во нивната ткаенина, кои, во комбинација со нашата технологија за компресија, ќе имаат изненадувачки позитивен ефект врз изгледот и чувство на вашите нозе и кои ќе бидта најмекиот производ на пазарот во својата категорија. Исто така, на самиот старт можете да очекувате линија на „плус сајз“ чорапи, кои за жал не се застапени на нашите простори, а со нетрпение очекуваме да можеме да обезбедиме производи од таа категорија кои досега не беа достапни – тоа е напишано во соопштението на Брена во кое исто така се наведува дека лансирањето на брендот како отворање на продавниците е закажано за октомври.