8.8 C
Skopje
четврток, јануари 30, 2025

Лепа Брена прва се огласи по неговата смрт: Благодарна ќе му биде до крајот на животот на Лане поради еден детаљ

Откако со брзина на светлината се прошири веста дека Милан Лане Гутовиќ кој беше доајен на српската актерска сцена починал, прва која се огласи беше познатата пејачка Лепа Брена.

Брена и Лане беа колеги, а играа и во филмот „Тесна кожа“ од каде настана и познатата реплика „Оди кажи и на Брена дека Шојиќ ја бара, Миле сака диско“.

Пејачката се прости од актерот со заедничка фотографија, која ја објави на Инстаграм.

„Драг Лане. Знам дека отиде на подобро и поубаво место. Целиот се даде како уметник и оставивте голем белег како актер на целиот Балкан. Ти, како вистински и голем човек и актер, ми помогна, ми даде совети и поддршка да ја создадаме историската сцена за филмот „Тесна кожа“. Така функционираат великаните. Нека ти е лесна земјата и вечна слава. Амин. Брена“ – напиша пејачката.