Лесна задача за Барса, тешка за Реал (М) и Атлетико (М)

Сите фаворити за шампионската титула, денеска ќе ги одиграат првенствените натпревари од 32. коло во шпанската Примера дивизион. Актуелниот лидер на првенствената табела, тимот на Атлетико (М) ќе мора да даде се од себе во дуелот со секогаш незгодниот тим на Вилјареал кој се уште се надева дека може да обезбеди место кое води во групната фаза од Лигата на Европа.

Поради поведата која ја заработи на првиот 1/4 финален натпревар од Лигата на шампиони, најдобриот фудбалер во дресот на Атлетико (М), Диего Коста ќе мора дуелот на “Винсенте Калдерон” да го следи од свечената ложа.

Многу полесна задача, да забележат убедив триумф во дуелот против фенерџијата на првенствената табела, тимот на Бетис од Севилја, имаат фудбалерите на каталонскиот гигант Барселона.
И без помошта на најдобриот фудбалер, повредениот Кристијано Роналдо, тимот на Реал (М) има обврска да ја оправда фаворитската улога во дуелот со секогаш незгодниот тим на Реал од Сосиедат.

Како борба за гол живот е дефиниран и последниот саботен дуел од 32. коло во шпанската Примера дивизион, пресметката помеѓу екипите на Рајо Валјекано и Селта од Виго.