Лестер го елиминираше Манчестер Јунајтед од ФА Купот

Фудбалерите на Лестер Сите се пласираа во полуфиналето на ФА Купот совладувајќи го со 3:1 Манчестер Јунајтед на свој терен.

Нигериецот Келечи Ихеаначо беше двое стрелец, во 24 и 78 минута, а Јури Тиелманс гпо стогни вториот погодок во 52 минута, додека Мејсон Гринвуд во 38 минута го постигна почесниот погподик за Јунајтед.

Лестер со оваа победа се избори за полуфиналниот дуел со Саутемптон, додека во второто полуфинале ќе се соочат Челзи и Манчестер Сити.