Фудбалерите на Лестер Сити во средата победнички влегоа во новата календарска година совалдувајќи го домашниот Њукасл Јунајтед со 3:0, во дуелот од 21-то коло на англиското провенство, привремено зацврстувајќи се на втората позиција.
Шпанскиот напаѓач Ајозе Перез го постигна првиот погодок за „Лисиците“ во 36 минута, кога го искористи погрешното додавањње на Французинот Лежине, потоа во 39 минута повторно по грешка на францускиот бек му аисистираше на Медисон за удвојување на водството. Конечните 3:0 ги постави Хамза Лундури во 87 минута со прецизен удар од 20-ина метри во горниот лев агол на голот на домашните.
Лестер е втор со 45 бодови, 10 помалку од водечкиот Ливерпул кој во овој момент има два натпреваеа помалку, и четири бода пред третопласираниот Манчестер Сити кој вечерва го игра својот меч од 21-то коло со Евертон. Њукасл, пак, моментално е 12-ти со 25 бодови.
Тотенхем и Вулверхемптон со поразита на гостувањата кај Саутемтони Вотфорд ја пропуштија можноста барем привремено да го прескокна Манчестер Јунајтед, кој со меч помалку во кој вечерва во 21 часот му гостува на Арсенал , и остана на петтото место со два вода повеќе од пестиот Тотенхем и седмиот Вулверхемптон.
Тимот на Жозе Мурињо беше победен со голот на Дени Ингс во 17 минута. Меѓутоа, навивачите на Тотенхем страуваат уште повеќе затоа што најдобриот играч Хари Кејн поради повредена во 75 минута мораше да излезе од игра. Саутемтон стаса до третата победа во последните четири натпревари во кои освои 10 од можните 12 бодови и се извлече од опасната зона, сега е веќе 11-ти со 25 бодови.
Втората последователна победа на Ватфорд и надежите за опстанок во Премиер лигата ми ја донесоа Дилофеу во 30 и Дукуре во 49 минута, додека стрелец за Вулверхемптон беш Нето во 60 минута. Ватфорд сега има 19 бодови, два помалку од местата кои обезбедуват опстаник.
Астон Вила победи со 2:1 на гостувањето кај Барнли, откако клучната предност ја направи во првото полувреме со головите на Весли во 27 и Грилиш во 41 минута, До крајот домашната екипа успеа само да го намали заостанувањето преку Вуд во 89 минута. Астон Вила е моментално 16-та со 21 бод, два повеќе од опасната зона, додека Барнли е место погоре на табелата со 24 бодови.
Челзо на гостувањето кај Брајтон водеше до 84 минута со погодокот кој го постигна Аспиликуета уште во 10 минута. Но тогаш иранскиот напаѓач Алиреза Џаханбакш кој влезе во игра во 68 минтуа, покажа извонредна снаодливост и со „ножички“ од 11 метри погоди со „ножички“ за конечни 1:1. Челзо е четврти со 36 бодови, а Брајтон е 14-ти со 24 бодови.