Фудбалерите на Лестер Сити по возбудливиот финиш и пресврт на резултатот се вратија во неделата на втората позиција во англиската Премиер лига, откако во рамките на 14-то коло на домашен терен го совладаа Евертон со 2:1.
Гостите од Ливерпул поведоа преки Ричалисон во 23 минута, а домашниот успеја да израмнат преку својот најдобар стрелец Џејмс Варди во 68 минута, а трите бода на домашните им ги обезбедни Келечи Ихеаначо дури во петтата минута од судиското продолжение на натпреварот.
Лестер сега има 32 бода, осум помалку од водечкиот Ливепрул, а три повеќе од бранителот на титулата Манчестер Сити и шест пред четвртопласираниот Челзи. Евертон и натаму тоне на табелата и сега е 17-ти со 14 бодови, само два повеќе од позициите кои водат во понизок ранг.
Манчестер Јунајтед повторно ги разочара своите навивачи и на својот „Олд Трафорд“ одигра 2:2 со Астон Вила во еден добар и отворен натпревар во кој и двете екипи одеа на трите бода. Ова е веќе шесто реми за Јунајтед сезонава, а има по четири победи и порази.
Гостите поведоа во 11 минута со погодокот на Џек Гејлиш, но во 42 минута сопствената мрежа ја затресе Тонм Хитон за израмнување на „Црвените ѓаволи“. Во вториот дел Јунајтед по силната офанзува успеа во 64 минута да дојде до водство преку Виктор Линделеф, но радоста на домашните кусо траеше затоа што само по две минути израмни Тајрон Мингс. До крајот Јунајтед не успеа да ги освои трите бода со кои ќе напредуваше до позициите кои обезбедуваат учество во европските купови следната сезона.
Манчестер Јунајтед е деветти на табелата со 18 бодови, а Астон Вила сега има 15 бодови со кои е на 15-то место.
Привремениот тренер на Арсенал по отказот на Унаи Емери, Фреди Љунберг, со стартуваше на клупата на „Топчиите“, откако неговиот тим одигра 2:2 на гостувањето кај Норич Сити, двапати анулирајќи го водството на домашните. Норич поведе во 21 минута преку Теем Пуки, а израмни од пенал во 29 минута Пјер-Емерик Обамејанг, но домашните сепак на одмор отидоа со предност која им ја донесе Тод Кантвел во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Сепак, Арсенал успеа да остане непоразен благодарејќи на вториот денешен погодок на Обамејанг постигнат во 57 минута.
Арсенал е осми со 19 бодови, а Норич остана претпоследен 19-ти со 11 бодови.
Вулверхемтон на свој терен ремизираше со најпријатното изненадување во Премиер сезонава, новакот во лигата Шефилд Јунајтед. Гостите дојдоа во водство веќе во втората минута со погодокот на Лис Мусе, а домашните израмнија во 64 минтуа преку Мет Доерти.
Вулверхемптон се задржа на шестото место со 20 бодови, и не успеа да го прескокне Тотенхем кој со ист број бодови е место погоре на табелата. Шефилд, пак, со бод помалку се одржа на седмата позиција.