
Минатата година имаше најава за алките за стопала со масивни кои се носеа на сандали и на високи потпетици со шпис, но тој тренд не заживеа.
Сепак она што годинава е во тренд е сосема поинакво од дебелите алки – се носат потенки минималистички сребрени и златни алки, „џипси“ алки со синџири и алки со мониста и ситни привезоци.
Овој накит е идеален за летниот период затоа што изгледа неодоливо на боса нога, но интересно заедно со сандали или салонки на висока потпетица во комбинација со летни фустани или кратки пантолони.