Во согласност со новиот режим на сообраќај и паркирање во летната сезона во Охрид, организираните групи туристи што ќе пристигнуваат со автобус во градот, симнувањето и качувањето во автобусите ќе треба да го вршат во строго одреден дел, поточно на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ до пресекот со улицата „Партизанска“, кај универзитетот „Свети Апостол Павле“.
Автобусите со новиот режим на паркирање во центарот на градот нема да имаат пристап до кружниот тек кај Градскиот плоштад, а за нив е обезбедено место за паркирање зад спортската сала „Билјанини извори“.
Според усогласените правила, сите автобуси паркирани на други локации ќе бидат казнувани согласно Законот за непрописно паркирање.
Инаку, цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а 600 денари за 24 часа.