Летото 2021-во најтоплото во историјата

Европа оваа година го имала најтоплото лето во историјата на мерењата, но било само незначително потопло од претходниот рекорд за периодот од јуни до август, објавија во вторникот научници од Европската унија.

Европската програма „Коперник“ за следење на климатските промени објави дека температурата во периодот од јуни до август 2021 година била за речиси еден Целзиусов степен повисока во однос на истиот период од 1991 и 2020 година, што ја прави најтоплата година досега.

Претходните температурни рекорди на европскиот континент се измерени во 2010 и 2018 година.

Жешкото лето 2021-ва е последниот во низата трендови на климатските промени предизвикан со емисијата на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градини, тврдат научниците. Програмата „Коперник“ има записи за климата од 1950 година, но користи и други бази на податоци кои досегнуваат до средината на XIX век.

Во соопштението уште се наведува дека август 2021-ва со истиот месец во 2017 година биле глобално трет најтопол месец во историјата на берењето. Притоа, бил за 0,3 Целзиусови степени потопол од просекот во периодот меѓу 1991 и 2020 година.

Во Европа август бил близу просекот за овој период од годината, но не на целиот континент. Средоземноморските земји имале рекордно високи температури, истокот на континентот имал натпросечно топло време, а северот потпросечни температури.

Еколошките организации во вторникот повикаа да се одложи климатската конференција COP26, којашто веќе еднаш беше одложена минатата 2020 година поради пандемијата на коронавирусот, па е поместена за периодот од 31-ви октомври од 12-ти ноември во шкотски Глазгов. На конференцијата вообичаена доаѓаат претставници од 190 земји, но многу држави во моментов се справуваат со новиот бран од коронаинфекции и набавки на вакцините, па собирот би требало да биде откажан, објави Мрежата за климатска акција (CAN).