Иако е видно возбуден поради историскиот триумф, селекторот на Германија, Јоаким Лев по натпреварот изјави дека нема место за никаква еуфорија и дека неговите фудбалер мора да бидат сконцентрирани на најважниот натпревар во Бразил.
“Да, сите сме возбудени, сите сме среќни. Го добивме и овој натпревар, Германија заслужено е финалист. Знаевме дека Бразил има одличен тим. Точно дека ова е голем резултат, но истиот не ја отсликува вистинската разлика помеѓу овие две селекции. Ние имавме свој ден, се беше како што треба. Сепак, нема место за никаква еуфорија, мора да останеме чврсто на земја, не смееме да летнеме во облаци. Очекувам тежок нетпревар во недела, очекувам вистинско, неизвесно финале. Сега го славиме овој голем успех, но веќе од утре, ќе бидеме фокусирани само на финалниот натпревар”, изјави селекторот на Германија, Јоаким Лев.