Левандовски дава голови 19 дена по операцијата

Голманот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, бележи 19 дена по операцијата на адукторите, пишува весникот „Билд“.

Секако, станува збор за гол на тренинг, но и тоа им дава оптимизам на навивачите на тимот дека Полјакот ќе биде целосно подготвен за стартот на Бундеслигата следната недела.

Триесет и едно-годишниот напаѓач излезе на „Зебенер штрасе“ вчера во навидум одлично расположение и постојано се смешкаше пред фотографите кои го следеа.

Како што е познато, Левандовски не замина во зимскиот камп во Катар и остана во Минхен, каде се подготвува по индивидуална програма.