Левандовски најдобар фудбалер на светот според ФИФА, доделени наградите The Best

Полскиот напаѓач на минхенски Баерн, Роберт Левандовски, бил најдобар фудбалер на свотот минатата 2021 година и го доби признанието The Best кое го доделува покривната светска фудбалска организација ФИФА.

Левандовски ја доби оваа награда и за 2020 година, а 33-годишниот центарфор победи во изборот пред другите два финалиста: Аргентинецот Лионел Меси од ПСЖ и Барселона а кој му ја зема Златната топка кон крајот на ноември, и од Египѓанецот Мохамед Салах од Ливепрул.

Шпанката Алексија Путељас од Барселона е најдобра фудбалерка, а тренер на годината е Германецот Томас Тухел од Челзи.

Сенегалецот Едууард Менди од Челзи е најдобар голман на годината, најубавиот погодок за наградата Ференц Пушкаш ги постигнал Аргентинецот Ерик Ламела од Севилја и Тотенхем, а наградата за фер-плеј замина кај фудбалерите и медицинскиот прерсонал на данската репрезентација за пружање помош на Кристијан Ериксен на Европското првенство кога доживеа масивен инфракт на дуелот против Исланд.

Во идеалниот машки тим за 2021 година се Џанлуиџи Донарума (Милан и ПСЖ), Давид Алаба (Баерн и Реал Мадрид), Леонардо Бонучи (Јувентус), Рубен Диас (Манчестер Сити), Кевин Де Брујне (Манчестер Сити), Жоргињо (Челзи), Н’голо Канте (Челзи), Кристијано Роналдо (Јувентус и Манчестер Јунајтед), Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Роберт Левандовски (Баерн Михен) и Лионел Меси (Барселона и ПСЖ).