Левандовски најдобар фудбалер на светот во изборот на ФИФА

Триесет и двегодишниот полски напаѓач Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер во светото за 2020 година во изорот на светската фудбалска федерација ФИФА.

Лавандовски доби повеќе гласови од Португалецоѕ Кристијано Роналдо и Аргентинецот Лионел Меси, во изборот во кој гласаа селекторите и капитените на националните селекции, како и навивачите.

Светската фудбалска федерација оваа награда ја доделува од 1991 година, а првиот добитник беше Германцецот Лотар Матеус. Од 2010 до 2015 година признанието беше доделувано во соработка со францускиот спортски магазин France Football кој за најдобриот фудбалер во светот во изминатата година го доделува принзанието Златна топка. Меѓутоа, пред пет години ФИФА и весникот повторно се определија за посебни признанија, во прв ред како маркетиншки потег.

Лавандовски на виртуелниот настан од седиштето на ФИФА во Цирих чии водители беа ангслиската спортска новинарка Решмин Чивдури и холандскиот поранешен репрезентативец Руд Гулит, ја доби наградата поради успесите со неговиот клуб минхенски Баерн, со кои ги освои, меѓу другото, и германското првенство и Лигата на шампионите.

Во сезоната 2019/2020 Левандовски во дресот на Баерн одигра 47 натпревари во кои постигна 55 погодоци и впиша 10 асистенции, и беше клучниот играч за освојувањето на трофеите во Бундеслигата, Лигата на шампионите и Купот на Германија.

Истовремено за репрезентацијата на Полска во 2019 и 2020 година Левандовски одигра 14 мечеви на кои постигна осум погодоци.

За најдобра фудбалерка е прогласена Англичанкта Луци Бронз од Манчестер Сити, а ѝ конкурираа Данката Пернил Хердер и Французинката Венди Ренард.

За најдобар фудбалски стратег е прогласен менаџерот на англискипот шампион Ливерпул, Германецот Јирген Клоп, пред Ханси Флик од Баерн Минхен и Марсело Биелса на Лидс Јунајтед за кој настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски,

Најдобар голман во овој избор е Германецот Мануел Ноер од минхенски Баерн, додека кај жените е голманката на Олимпик Лиони, Сара Буади.

Наградата „Ференц Пушкаш“ за стрелец на најубавиот погодок му припадна на Кореецот од редовите на лондонски Тотенхем, Сон Хионг-минм