Левандовски пет сезони ќе го носи дресот на Баерн (М)

Извршниот директор на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Карл Хаинц Румениге и официјално потврди дека од 1 јуни, полскиот интернационалец од редовите на Борусија од Дортмунд, Роберт Левандовски ќе биде нов напаѓач на баварскиот гигант.
Брзоногиот напаѓач веќе го потпиша понудениот 5-годишен договор, а на “Алианс Арена” ќе пристигне како слободен фудбалер.
“Можам да потврдам дека со голем успех завршија преговорите со Роберт Левандовски. Станува збор за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата. УШте едно големо засилување за и така доволно силниот тим на Баерн (М)”, изјави Карл-Хаинц Римениге.