Левандовски прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите на УЕФА

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски е прогласен за играч на неделата во фудбалската Лига на шампионите, објавено е на официјалниот сајт на УЕФА.

Триесет и тригодишниот фудбалер на Баварците постигна хет-трик и асистираше на средбата со Бенфика (5:2) одиграна во вторникот.

Полскиот репрезентативец признанието го доби во конкуренција на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, кој беше двоен стрелец на натпреварот со Аталанта (2:2), напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, кој постигна два гола и асистенција на мечот со Зенит (4:2), како играчот од средниот ред на Спортинг, Педро Гонсалвеш – два гола против Бешикташ (4:0).