Левандовски ќе влезе во Гинис како најдобар во четири категории – најбрзо постигнати 3 гола, најбрзо постигнати 4 гола, најбрзо постигнати 5 гола и единствен фудбалер кој во игра влегол од клупата за резерви а успеал да постигне 5 гола.
Пољакот кој сезонава на 11 меча има постигнато 16 гола, овие достигнувања за Гинис ги оствари на мечот против Волфсбург.