Левандовски во „Реал“

Транферот на играчот на минхенски „Баерн“, Полјакот  Роберт Левандовски во „Реал“ е готова работа, пишува „Мундиво Депортиво“

Според медиумот, агентот на Левандовски, Пини Захави ги договорил сите услови за трансфер на голгетерот во Мадрид и тој летово ќе го облече дресот на актуелниот европски првак. Левандовски ќе потпише договор на две сезони со можност за продолжување на уште една. Цената на трансферот не е позната. Договорот паднал меѓу Захави и Хозе Ангел, десната рака на претседателот на „Реал“, Флорентино Перез.

Интерес за Левандовски покажаа и ПСЖ, Арсенал и Челзи, но Полјакот јасно нагласил дека кариерата сака да ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“.

Така се чини дека Реал барем привремено се откажал од доведувањето во своите редови на Хари Кин.од Тотенхем.Навивачите на Реал не се премногу задоволни од оваа најава. Иако се работи за еден од најдобрите напаѓачи во светот, Левандовски тешко дека би можел да биде соодветно засилување, особено ако во екипата остане Роналдо. Во германскот првенство игра веќе осум години и сигурно ќе му треба извесен период за да се навикне на стилот на игра во Ла Лига.