Во првиот натпревар од 17-то коло на шпанското фудбалско првенство Левантес и Лњганес во Валенсија одигра со најнепопуларниот резултат 0:0
Леванте пред своите навивачи не успеа да ја искористи бројната предност на теренот која ја имаше од 68 минута, кога беше исклучен од игра напаѓачот на Леганес, Бордин Амрабат.
Леванте со 18 бодови привремено дојде на 15-то место, додека Леганес со 21 бод во моментов е на осмото место на табелата.
Преостанатите натпревари од колото се играат од сред до сабота, кога ќе биде одиграно и „Ел Калсико“, во кој светскиот клупски првак Реал Мадрид ја пречекува водечката Барселона. Мечот е на распоред во сабота, 23-ти декември, од 13 часот, невообичаен термин за Шпанија но погоден за телевизискиот аудиториум на Далечниот исток.
Во среда на распоредот се мечевите Хетафе – Лас Палмас и Реал Сосиедад – Севилја.