Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските Заклучоци – Левица го формулира референдумскот прашање.
Партијата смета дека со ова прашање, е практично невозможно формално-правно да се одбие иницијативата..
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Левица нема директно да го „напаѓа“ Договорот со Бугарија, туку заклучоците.
Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, собранискиот спикер Џафери ја отфрли со образложение дека таа не е во согласност со Уставот, во кој е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон.