Левица на пазар почна да собира потписи за Ванковска

Дали слабиот интерес на граѓаните е причина партијата Левица, којашто ја истакна кандидатурата на професорката Билјана Ванковска на претстојните претседателски избори, неопходните потписи да почне да ги собира на пазарите.

На тоа, имено, укажува фотографијата направена од читатели, од која е видливо дека Левица организира давање поддршка за Ванковска на пазарот во Куманово.

Слабата поддршка резултираше со чекор на партијата потписи да се собираат и на пазарот во Куманово, но интерес од граѓаните нема. Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, пак на социјалните мрежи повикува на потписи и потенцира дека попладне повторно ќе потсети за истото.

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата Ванковска ја добила поддршката од точно 2.758 граѓани.

Инаку, кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список. Кога подносител на листа на кандидат за претседател, пак, се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците, кои Левица ги нема во овој парламентарен состав.

Собирањето потписи, имаку, се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Постапката за собирање потписи, која почна во петокот ќе трае непрекинато секој ден. Подрачните одделенија ќе работат две смени, од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8-ми март ќе работат до 24 часот.