Левица обвини дека нејзин член бил нападнат од директорот на КПД Штип

Член од младината на Левица бил нападнат од директорот на КПД Штип, тврди пратеникот Борислав Крмов. Тој на Фејсбук објави и фотографија од лекарски документ во кој пишува дека кај лицето биле зададени удари во абдоменот и во градите.

„Вчера околу 02:00ч директорот на КПД Штип Мики Тодоров, физички нападнал еден од нашите младинци! Цел ден денес локалното раководство на СДС михајловистичка од Штип, вртат телефони да ја смират ситуацијата. Нема лесно да ви помине!“, напиша Крмов.