
„Сега е времето победоносно да ја окончаме битката на нашата генерација!
Сега е времето искрата во мракот да стане пламен.
Сега е времето да влеземе внатре – во македонското Собрание, ставајќи ред во безредието и закони во беззаконието.
Затоа, не очајувај!
Доаѓаат убави времиња, кога ќе воведеме нови принципи во политиката.
Борбата мора да продолжи! Со нови сили, на различни фронтови.
Подобар свет е неопходен. Подобар свет е можен“, напиша Димитар Апасиев од Левица, промовирајќи го нивниот предизборен спот.