Левица преку видео најави дека ќе оди со свој кандидат на претседателските избори

Политичката партија Левица најави дека на претстојните претседателски избори ќе оди со свој кандидат. Од партијата на социјалните мрежи објавија видео со кое гo најавија своето учество на изборите.

„Време е македонскиот народ да се заложи за себе храбро, чесно и борбено. Левица го нуди единствениот избор во клучен момент. Претседателски кандидат со решителност и храброст да каже не на раскрчмувањето на Македонија“, во исписите на видеото.