На денешната седница на Советот на Општина Велес, на дневен ред е ставено скандалозно Предлог–решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици за учебната 2023/2024 година на СОУ Гимназија „Кочо Рацин ”
Велес, информираат од Левица.
„Ова предлог решение е иницирано од министерот ШАЌИРИ, кој испрати известување до велешката гимназија да се примаат ученици со ПОМАЛ БРОЈ НА ОСВОЕНИ БОДОВИ од законскиот минимум.
Се работи за уште НЕЗАКОНСКА наредба на министерот Шаќири, со која се кршат конкурсните услови, според кои што е извршен прием на останатите гимназијалци ширум државата. Оваа предлог-одлука предвидува да се примаат ученици со освоени поени под потребниот минимум од 60 поени!
Не е првпат МОН да се обидува да ги заобиколи законските одредби. Очигледно дека „кадарот“ од универзитетот на Мерко не е способен да разбере дека министерското столче не го става над законот. Јасно е дека се работи за самоволие на министерот Шаќири, кој преку рушење на критериумите и деградирање на образовниот процес се обидува ВЕШТАЧКИ да креира нови албански паралелки.
Советничката група на Левица е ПРОТИВ ваквата скандалозна одлука на министерот и така ќе гласа на денешната седница на Совет“, соопштија од партијата.