Левица со иницијатива да се подигне споменик за загинатите полицајци во Диво Насеље

Политичката партија Левица покрена иницијатива да им се подигне споменик на осумтемина загинати припадници на полициските сили во терористичкиот напад што се случи на 9. и 10. мај 2015 година во кумановската населба „Диво Насеље”.

„Денес, кога навршуваат осум години од овој настан, на Седницата на Советот во Општина Куманово, од страна на Советникот од Левица Никола Лазаровски беше поднесена иницијатива за поздигање споменик во чест на осумте загинати припадници на специјалните полициски сили.

Воедно, ја осудуваме иницијативата на министерот за Правда Кренар Лога осудените терористи да бидат екстрадирани во косовските затвори и истата ја оценуваме како омаловажување на припадниците на МВР, погазување на жртвата дадена од полицајците и охрабрување на тероризмот во Македонија – се вели во реакцијата на Левица.

Во престрелката со терористите во наслебата „Тоде Мендол“ во Куманово, позната како „Диво Насеље“е, животот го загубија полициските службеници Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.