
„Левис 501“ е безвременско парче облека коешто, се чини, никогаш не излегува од мода поради неговиот едноставен и опуштен изглед и облик. Годинава се навршуваат 150 години од првиот дизајн.
Овие фармерки првпат биле дизајнирани и патентирани во 1873 година. Под тоа име – „Левис 501“, се познати од 1890 година, бидејќи тогаш компанијата „Левис“ ги означила сите свои модели со бројки.
Рамен крој на ногавицата, средно висок струк, различни бои тексас-платно – од класично светло-сино и темно-сино до помодерни верзии во розова или зелена боја, се најпрепознатливите одлики на овој вид фармерки. Препознатливиот заоблен преклоп на задните џебови е додаден во 1943 година, а тесните модели и растегливата тексас-ткаенина ѝ се приклучија на колекцијата во 2016 година. си/ссм/
Фото: Интернет-страницата на „Левис“.