Либанскиот министер за здравство Фирас Абијад во четвртокот изјави дека 1.974 луѓе, меѓу кои 127 деца, биле убиени а уште други 9.340 биле ранети во израелските напади во текот на една година.
Соопштението уследи по израелскиот воздушен напад врз центарот на Бејрут во кој загинаа девет лица во медицинска установа управувана од влијателната шиитска и вооружена групација Хезболах.
Редовната либанска армија во четвртокот објави дека еден војник загинал во израелски напад на воена позиција во јужен Либан и дека војниците возвратиле на изворот на огнот.
Ова е првпат либанските вооружени сили да возвратат на израелските сили од почетокот на конфликтот пред речиси една година, кога Хезболах разменива оган со Израел како поддршка на поранешните непријатели палестинското сунитско движење Хамас во нападите врз Израел на 7 октомври, еден ден по нападот без преседан според бројност и суровоста на палестинските милитанти во јужен Израел.
Либанскиот министер за транспорт Али Хамие, ги отфрли израелските обвинувања дека Хезболах криумчари оружје од Сирија преку граничниот премин Маснаа, и рече дека граничните премини се под ригорозна контрола на владата во Бејрут.