Либан денеска бира нов претседател

Либанскиот парламент денеска повторно избира нов претседател бидејќи до сега не успеа да избере кој ќе го наследи Мичел Сулејман, чиј мандат истече на 25 мај оваа година.

Парламентот за два месеци, пет пати безуспешно продуваше да избере нов претседател. Во недостаток на претседател, Владата сега ја има целата извршна власт, додека не се избере нов претседател.

Во Либан претходно ова се случувало во 1988 година, кога земјата во граѓанската војна, како и во 2007 година.

Во претседателската трка се Самир Џаџи, жесток противник на сирискиот режим и либанското радикално движење Хезболах, пртивкандидат му е Мишел Аун кој има поддршка од шиите. Двајцата кандидати се непријатели уште од граѓанската војна во Либан кој траел од 1975 до 1990 година.