Либанскиот претседател Мишел Аун изјави во средата дека истрагата за причините за експлозијата во вторникот попладнето во пристаништето во главниот град Бејрут, во кој според најновите податоци загинале повеќе од сти лица, што поскоро треба да открие што точно се случило, а дека резултатите од неа ќе бидат транспарентно објавени.
Гувернерот на Бејрут, Марвин Абуд, во средата оцени дека штетите предизвикани од моќната експлозија во пристаништетот достигнуваат суми меѓу три до пет милијарди американски долари.
„Размерите на штетите достигнуваат од три до пет милијарди долари, а можеби и повеќе. Илјадници житело на Бејрут останаа без дома“, изјави гувернерот за порталот LBCI News.
Според гувернерот Абуд изјави дека меѓу 200.000 и 250.000 луѓе осанале без своите домови и оти властите прават сѐ за да им обезбедат сместување и да ги снабдат со вода и храна,
Според податоците на Меѓународните одбор на Црвениот крст (ICRC), во експлозијата загинале најмалку 100 лица а ранети се близу 4.000, додека властите очекуваат дека бројот на жртвите и натаму ќе расте.
Во телевизискиот пренос на почетокот од вонредната седница на владата, претседатело Мишел Аун, исто така, ги повика другите земји да му помогнат на Либан што е можно поскоро, бидејќи земјата вече се справува со многу лошата економска ситуација.
Прелиминарната истрага покажала дека со години била забошотувана безбедноста на складиштето во кое се наоѓал многу експлпозивен материјал во бејрутското пристаниште ја предизвикало екзплозијата, изјавија за медиуми извори блиски на истрагата.
Премиерот Хасан Диаб и кабинетот на претседателот Аун објавија дека 2.750 тони амониум нитрар кои се кориси за вештачко ѓубриво, но и за експлозиви, биле шест години во складиштето во пристаништето без безбедносни мерки.
Извори од истрагата за медиумите рекле дека прашањето на безбедноста на складиштата веќе било поставено пред неколку комисии и судови и оти никогш ништо не било сторено за да се нареди преместување на материјалите или безбедно складирање на опасните супстанции.
Според привичните информации, огнот започнал на пристанишното сладиште 9 при заварување на дупки на резервоарот направени поради кражби, и се проширил на скалдиштето 12, каде што бил складиран амониум-нитратот.
Бадри Даер, главен директор на либанската царина, изјави за локалниот телевизиски канал LBCI во средата дека царината испратила шест документи до одговорните, предупредувајќи дека материјалот претставува опасност.
„Баравме повторно да се извезе, но тоа не се случи. Им препуштаме на стручњаците и на оние коишто се занимаваат со тоа, да утврдат зошто“, изјави Даер.
„Мора да се спроведе локална и меѓународна истрага на инциденрот, имајќи ги предвид обемот и околносите под кои таа стока е довезена во пристаништетот“, изјави Хасан Хасбани, поранешен вицепремиер на Либан.
Интернет ресурсот Shiparrested.com, кој ги следи поморските правни случаи, обајви дека извештајот од 2015 година покажал дека бродото „Rhosus“ кој пловел под знаме на Молдавија со екипаж од Украина, пристанал во Бејрут во септември 2013 година поради технички проблеми на патот од Грузија кон Мозамбик, со 2.750 тони амониумов-нитрат.
Извештајот наведува дека по инспекцијата на бродот му било забрането продолжување на патувањето, а набрзо потоа го напуштиле сопствениците. „Имајќи ги предвид ризиците поврзани со тоа амониумов-нитратот да остане на бродото, пристанишните власти го истовариле во пристанишното складиште“, се додава во извештајот.