Напорите на германската канцеларка Ангела Меркел да состави трипартитна коалициска влада доживеаја голем удар во неделата откако нејзините потенцијални партнери либералите објавија дека се повелкуваат од коалициските преговори и дека тие пропаднале.
Деловно ориентираната партија Слободни демократи (FDP) неочекувано ги напушти преговорите со конзервативната коалиција CDU/CSU на канцеларката Ангела Меркел, тврдејќи дека трите партии не успеале да постигна компромис за клучните прашања како што се проблемот со имигрантите и заштитата на природната средина.
Доколку повлекувањето на либералите од преговорите се покаже конечно, Меркел би можела да се обиде да состви малцинска влада со Зелените, или би можела да распише нови избори.
„Денеска не беше постигнат напредок, туку напротив, направен е чекор наназад, бидејќи почнаа да се проблематизират и целените компромиси. Подобро е да не се владее отколку да се владее погрешно. Збогум!“, изјави за новинарите во неделата ноќта челникот на FDP, Кристијан Линднер.
Трите партии без многу ентизуајазм влегоа во преговорите за трипартитната коалиција којашто досега не е остварена на национално ниво во Герамнија, но којашто стана неопходна поради резултатите од парламентарните избори во септември на коишто гласачите делумно им свртија грб на големите партии од десницата и од левицата и изгласаа многу фрагментиран парламент.
Неуспехот во коалициските преговори би можел да ја започне најтешката политичка криза во Германија во последните неколку децении, бидејќи Социјалдемократската партија на Германија (SPD) веќе најави по губењето на изборите и најслабиот изборен резултат од 1949 година, исход кој иако победи на изборите го оствари и кознервативната Унија CDU/CSU, дека планираат да останат во опозиција и да ја напуштат ткн „голема коалиција“ со Ангела Меркел.
Постигнувањето на договорот на трите партии е реална шанска Меркел да си обезбеди четврти мандат на чело на Германија. Меѓутоа, FDP кој на овие избори се врати во парламентот по четири години откако не претходните не успеа да го мине изборниот праг, и Зелените кои не биле во власта 12 години, не сакаат со компромисите да го изневерат своето гласачко тело и да го расипат својот изборен успех.
Влоговите се големи и за баварската Христијанско-соцјална унија (CSU), сојузник на Меркел во конзервативната коалиција. Во CSU стравуваат дека неуспехот да се осигури ограничување на имиграцијата ќе го поттикне дополнително растот на крајната десница на регионалните избори следната година и со тоа можеби дури да го собори CSU по 60 години владеење во оваа покраина.
Неуспехот во коалициските преговарања може да доведе и до нови парламентарни избори, а тоа не им одговара на ниедна од трите партии, бидејќи стравуваат дека тоа може да доведе до уште подобар резултат за евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD)