електричната енергија во Македонија да се добива од ОИЕ, до 2025 прцентот да биде 25, а до 2030 година 28%, рече Делев.
Најави дека до крајот на годинава ќе има нов предлог закон за енергетика.
Во врска со природниот гас рече дека во моментов се гради кракот Миладиновци – Штип, во фаза на финасирање е кракот Штип – Неготино – Битола и се прават напори за јавно приватно партнерство за изградба на дистрибутивна мрежа за гас.
-Во фаза на потпишување на меморандум за соработка сме и со Бугарија со кој ќе се предвиди максимално користење на постојниот гасовод, а со европски пари се предвидува изградба на гасоводите Струмица – Ново Село – Кулата во Бугарија и Струмица – Гевгелија – Грција. Најавени се уште четири проекти за финансирање со европски пари – гасно поврзување со Србија, Косово и Албанија и изградба на шест километри од постојниот гасовод кон Бугарија кој не е во сопственост на државата со цел да се овозможи непречено снабдување со гас, рече Делев.
Собраниската Комисија за економски прашања на вчерашната седница го разгледа Предлог законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, во прво читање, и едногласно и без расправа заклучи дека е прифатлив и оти може да се даде на натамошна постапка.
Дополнувањата, како што појасни заменик министерот Делев, се во интерес на бизнисмените кои имаат концесии и со нив се дефинира рокот за обновување на концесиите и јавните приватни партнерства.
– Многупати се соочувавме со ситуации во кои рокот за концесијата е при крај или е истечен и како институциии требаше да одлучиме што ќе правиме понатаму. Со овие измени даваме период од шест месеци пред истекот на концесијата и јавните приватни партнерства да се започнат постапки за повторно доделување или повторно објавување, рече Делев.
Комисијата го разгледа и едногласно заклучи дека е прифатлив и може да се даде на натамошно читање и Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, во прво читање. Со дополнувањата се прецизира рок од шест месеци пред истекот на концесијата во делот на енергетиката, односно за производство на електрична енергија од малите хидроелектрани и друг вид електрани, да се почнат постапки за повторно доделување на концесијата или преземање од страна на државата.