![arcelor mitral](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/arcelor-mitral.jpg?resize=640%2C425&ssl=1)
Со договорот вреден 740 милиони долари Либерти Стил стана еден од десетте најголеми производители на глобално ниво, со исклучок на Кина, со вкупен капацитет на валање од над 18 милиони тони челик и широк асортиман на готови производи од челик.
Седумте капацитети во Европа имаат над 14 илјади вработени и ги вклучуваат најголемите фабрики за производство на челик, како во Острава во Република Чешка, Галати во Романија, валавниците во Скопје (Република Македонија), Пјомбино (Италија), Дуделанж (Луксембург), како и две фабрики во близина на Лиеж во Белгија. Сервисните центри се наоѓаат во Франција и Италија.
Овие фабрики, со комбиниран капацитет на валање од над десет милиони тони на годишно ниво, обезбедуваат челик за повеќе сектори во главните индустриски центри во Европа, како на градежна индустрија, автомобилска и аеро-вселенска индустрија, енергетика, производство на индустриска опрема, производи за широка потрошувачка и градежна механизација. Либерти Стил има за цел да ја зголеми продажбата од овие фабрики за околу 50 отсто во текот на следните три години.
„Вработените на „Либерти Скопје“ сега се дел од брзорастечката метална и инженерска индустрија со локации во Велика Британија, Европа, САД и Австралија.
Нашата визија е да изградиме конкурентни, интегрирани и одржливи бизниси кои нудат реална вредност за потрошувачите и возбудливи нови можности за вработените и нивните заедници.” – порача Извршниот претседател на ГФГ Алијансата, г.Гупта, кој преку видео порака им се обрати на вработените од копманијата во Скопје“, соопштија денеска од компанијата.