Новоизбраниот либиски Парламент побара од Обединетите Нации (ОН) да изврши „меѓународна интервенција“ и го изгласа укинувањето на вооружените групации одговорни за нередите во оваа земја.
Ривалските бунтовнички групи во Либија веќе неколку недели се борат за контрола нас територијата и политичката превласт, при што во нередите веќе загинале повеќе десетици луѓе, а земјата ја напуштиле илјадници вклучувајќи ги и странските дипломати и државјани, пренесува АП.
Во обид да се огранички насилсвото, новоизбраните членови на парламентот синоќа го изгласаа предлогот ривалските групи са се расформираат, а даден им е и ултиматум до крајот на годината да и се приклучат на војската и полицијата.
Пратениците исто така ја усвоија и резолуцијата во која од Советот за безбедност на Обединетите Нации бараат да интервенираат за да се запре насилството кое го спроведуваат бунтовничките групи. Новиот Парламент главно го сочинуваат анти-исламистички политичари.
Владите на САД, Германија, Франција, Британија и Италија во заедничкото соопштение за медиуми го осудија продолжението на борбите во Либија, повикаа на итен прекин на огнот како и на започнување на политички дијалог меѓу сите страни.