Во Либија денес почна гласањето на новиот состав на парламентот, кој се смета клучен за иднината на земјата која е погодена со повеќемесечен политички хаос и се поголеми нереди, а станува збор за трети избори откако пред три години беше соборен од власт долгогодишниот либиски лидер Моамер Гадафи.
Повеќе од 4400 избирачки места се отворени ширум земјата, а милион и пол избирачи ќе треба да се одлучат меќу 1628 кандидати кои се борат за 200 места во генерелниот национален конгргес, пренесоа новинските агенции.
Неизвесно е дали гласањето че може да се одржи на истокот на земјата кој е зафатен со насилство, пренесоа новинските агенции.