Либија се’ уште се наоѓа во голема економска криза поради затворање на главните нафтени полиња. Државата ги нема основните приходи три години по симнувањето од власт на лидерот Моамер Гадафи во 2011-тата година.
Во источниот дел на Либија од јули минатата година се блокирани главните нафтени полиња, што предизвика пад на производството на 250.000 барели дневно, додека претходнотото производство било 1,5 милиони барел дневно.
По деблокада на полињата Ел Харар во јужниот дел, производството на почетокот на оваа година порасна на 570.000 барели дневно, но во последните недели повторно се намали бидејќи бунтовниците блокираа платформа во југозападниот дел на Либија.
Според проценките на Министерството за нафта и Светската банка, Либија само од јули минатата година изгубила повеќе од 10 милијарди долари.