Либиска милитантна група денеска киднапира 70 египетски камионџии, јавија локалните медиуми.
Киднаперите бараат да се ослободи Либиец кој беше уапсен од египетските власти за пренесување оружје и муниција за Либија. Групата египетски возачи е блокирана од бунтовниците во регионот на градот Аџдабиа, на 500 километри од границата со Египет.
Ова не е првпат Египќани на работа во Либија да станат заложници. Кон крајот на минатата година либиска милитантна група киднапира неколку десетици возачи од Египет. Тогаш киднаперите исто така побараа ослободување на притворените за злосторствата сторени во Египет.