Службеници од повеќе државни институции, вклучувајќи го и самото Министерство за внатрешни работи, соработувале со криминалната нарко-група која веќе е разбиена, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Според него, утврдено е кои се лицата и тие не доаѓаат само од МВР, туку некои се и од други министерства, судови, јавни обивнителства,…
„Утврдивме лица од институции на државата кои ги пренесувале податоците, односно биле соработници на криминалните активности на групата. Ова е почетокот на чистењето на криминалните структури во системот и јакнење на довербата кај граѓаните. Ќе бидете сведоци во наредниот период за нови активности, некогаш ќе бидете и зачудени од имињата, но правдата мора да го стигне секого. Има иновлвирани во многу институции, и во МВР и во други агенции и во министертства и во судови, и во јавни обивнителства,… Затоа реков, можеби ќе се зачудите во нардениот период, но тоа еднаш мора да излезе на виделина и да се покаже кои се тие кои во одреден момент велеа „држете го крадецот“, истакна Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања откако претходно информира дека криминалната нарко-група броела 16 лица од кои седум се веќе уапсени, а и останатите ќе бидат лишени од слобода.