Лицата инволвирани во случајот со училиштето во Бутел се повикани на разговор, соопшти МВР

Пред малку од МВР соопштија дека директорката на основното училиште „Панајот Гиновски“ од скопската населба Бутел, попладнево поднела и писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток“ каде се гледа насилство врз ученик.

„Во врска со случајот МВР презема мерки за негово расчистување, а уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани, за случајот известен е и јавен обвинител“, стои во соопштението од МВР.